За сите кои имаат болки во нозете и зглобовите. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 рака сува коприва (лист), 1 рака сув магдонос (лист), 1 литар лозова ракија.
ПОДГОТОВКА: Сите состојки се ставаат во стаклена тегла, па убаво затворена се остава 15-20 дена на топло место. Секојдневно теглата треба да се промешува. По изминатиот период, ракијата се процедува, и се користи како облога за отечени зглобови
СИМПТОМИ: Болки, воспаление и оток во рамената, лактите, колковите, колената или зглобовите на дланките или стапалата, особено за време на истегнувања додека вежбате, дигате товар или на кој било начин го напрегнувате зглобот над неговите вообичаени можности;
Ограничен опсег во движењето на зглобот, со моментна болка или без неа. Таму каде што коските, тетивите и лигаментите, ви се поместуваат едни покрај други, особено во близина на зглобовите, допирните точки се заштитени со ќеси исполнети со течност која се нарекува бурза.
Секоја од над 150 бурзи во организмот со намалување на триењето им помага на зглобовите да функционираат без тешкотии при сите природни движења. Кога зглобот премногу се користи, или останува под притисок или напрегнатост во текот на подолги временски периоди, најблиската бурза може да се воспали.
Ќесето се исполнува со дополнителна течност, предизвикуваќи притисок на околното ткиво. Моментните знаци се болка, често придружена со воспаление, отекување и чувствителност во тој предел. Едно од најчестите места што го зафаќаат бурзитисот е рамото, кое има најголем опсег на движења од сите важни зглобови на телото.
Хроничниот бурзитис кој не се лекува може да доведе до создавање наслојки на калциум во обично меките ткива, што понекогаш предизвикува трајно ограничување на подвижноста на зафатениот зглоб.
ЛЕКУВАЊЕ: Конвенционална медицина. Почетното лекување, по правило се состои од ацетилсалицилна киселина(на пр.аспирин) или нестероидни противвоспалителни лекови. Тие средства против болки обично го смируваат воспалението. Со помош на топлина и ултразвук може да се олабави зглобот и да се забрза обновувањето на ткивото.
Дијатермијата (лекување со длабинско греење) под водство на спортски лекар или овластен физиотерапевт не само што може да ја ублажи тегобата и воспалението предизвикано од бурзитис, туку може да ја смири и напнатоста на мускулите, нервите и тетивите.
Бурзитисот може да се повтори, особено ако редовно се впуштате во напорно вежбање или физичка работа. Во таквите случаи лекарот, можеби, ќе ви препише лекување со кортикостероиди, во облик на орален лек, крем за површинска употреба или инјекција во заболените зглобови.
Во потешки случаи може ќе биде неопходно да се извлече течност од воспалените и отечените бурзи со хиподермички шприц за да се ублажи притисокот. Во случај на долготрајни симптоми бурзите можат да се отстранат по хируршки пат. Лекување со лековити билки.
За да се забрза крвотокот, да се намали воспалението и да се ублажи напнатоста на мускулите, стручното лице за лековити билки би можело да препорача тинктура од 5 мл што се прима три пати на ден и која се состои од следните треви: по 2 дела кора од врба, кора од картоп и семе од целер, заедно со еден дел од билката Zanthoxylum americanum.
Измешајте еднакви количества лобелија и кора од картоп да добиете тинктура со која можете да ги триете мускулите по потреба за да ја намалите напнатоста поврзана со болките бурзитис. Исхрана. Се препорачува витамини Ц, А и цинк поради создавање колаген кој ги изградува ткивата и поради обновување на повредените тетиви и ткива на бурзите.
Богати извори на витамин Ц во исхраната се агрумите и компирот; маслото од црн дроб на бакаларот е добар извор на витаминот А. Освен тоа, се смета дека витаминот Е делотворно го забрзува зацелувањето на оштетеното ткиво.
Следете ги препораките на оспособено стручно лице за исхрана по поглед на количеството и траењето во текот на внесувањето на дополнителни количества витамини. Уште еден пристап за кој се тврди дека помага при повторените случаи на бурзитис вклучува и инјекции со витамин Б12.