Шницли од компир – вака ги правам и добивам ручек за 20 минути

Потребни состојки:

750 г компир пире (што ви останало од претходниот ден, не мора специјално да правите)

1 јајце

1 лажица сув зеленчук (вегета)

5 лажици ситно сечкан магдонос

3 лажици презла

3 лажици остро брашно

1-2 чешниња сечкан лук (или во прав)

црн пипер по вкус

1 главица кромид

50 г сув домат

Постапка:

На малку масло испржете ситно сечкан кромид додека да застакли и омекне. Процедете го од маслото и ставете го на хартиена салветка да се впие вишокот маснотија.

Исечкаје го сувиот домат.

Компир пирето само малку загрејте го ако е изладено, за полесно да се соедини со другите состојки.

Додадете ги сите останати состојки и промешајте за да се распоредат рамномерно.

На набрашнета работна површина обликувајте ги ќофтоњата, валкајте ги од двете страни и редете ги врз хартија за печење, или врз работната површина.

Пржете ги на малку масли, на умерена температура, околу 4-5 минути додека да добијат златно кафеава боја.