Природната медицина досега многупати ја докажа делотворноста на сода бикарбоната, во бројни случаи. Сите скапи креми и пилинзи за кожа не можат да му помогнат на вашето тело да се чувствува така препородено, како што тоа го прави сода бикарбоната.

Различните третмани за лице делуваат само привремено но не и долготрајно. Оние кои не можат себеси да си дозволат такви скапи третмани, можат да ја користат сода бикарбоната која е многу поедноставна а поделотворна од други хемиски супстанции.

Содата има пријатно дејство и регенеративно, особено кога е во комбинација со јод, па помага при разни воспаленија, инфекции, а секако и во домашната медицина.

На овој начин се соприра јадежот при убоди од инсекти. Помага за елиминација на забни џепови и киселини кои ја оштетуваат забната глеѓ.

Ги ублажува симптомите од воспаленија на мочниот меур.

Лекарите ја користат дури и за намалување на нивото на киселина во крвта за време на дијализата кај болести на бубрезите.

Сода бикарбоната е честа намирница при приготвувањето на разни печива и колачи.

Медицинската сода бикарбона без алуминиум е најпогодна за употреба.

Ова се неколку совети за употреба на сода бикарбоната:

ПИЛИНГ ЗА ЛИЦЕ

За одржување на свежината на вашето лице, пилингот е неизоставен. Со оглед на тоа дека препаратите за оваа намена се доста скапи, вие направете си свој сопствен пилинг со само ¾ сода бикарбона помешана со ¼ вода. Направете си природна маска и ослободете се од мртвите клетки од кожата на лицето.

Или, едноставно, на дланката ставете неколку капки од вашиот гел за миење на лицето, и дополнете со исто толкава количина сода бикарбона, добро измешајте ги двете состојки за да се спојат, а потоа смесата нанесете ја на лицето, истријте нежно со кружни движења а потоа убаво исплакнете. Важето лице ќе блесне а кожата ќе биде беспрекорно азна и чиста.

ШАМПОН ЗА КОСА

Доколку косата многу ви се масти или секојдневно користите многу препарати за обликување на косата, без разлика дали станува збор за гелови или пени, тогаш сигурно ви е потребно нешто што ќе ја обнови вашата коса.

Ова е еден од третманите кои во своите салони го користат професионалните фризери: во дланката ставете онолку шампон колку што вообичаено користите, па додадете половина лажичка сода бикарнона,

Измешајте за да се спојат па со новиот, унапреден шампон добро истријте го темето и косата. Оставете неколку минути па исплакнете.

Косата ќе ви биде беспрекорно чиста и кожата на скалпот нема да се мрси толку како порано.