Многу вкусно ПОСНО ЌОФТЕ ВО ДОМАТЕН СОС
Послужете го ова многу вкусно посно јадење со салата по ваш избор. Еве што ви е потребно според рецептот на Верица Николиќ:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
За ќофте:
700 г грав
260 г кромид
40 г лебни трошки (презла)
1 средна главица лук
1 лажичка мелен црн пипер
1 лажичка оригано
1 лажичка сув босилек
1 лажичка ѓумбир во прав
2 лажици црвен пипер во прав
1 китка магдонос
400 г исчистен праз
80 мл масло
сол и сув зеленчуков зачин по вкус
Состојки за сосот:
50 мл масло
1/2 литар доматен сос
1/2 литар вода
1 лажица пченкарно брашно
1/2 лажичка мелен црн пипер
1 лажичка сув босилек
сув зеленчуков зачин по вкус
ПОСТАПКА:
1. Гравот потопете го во вода и оставете го да отстои преку ноќ. Следниот ден истурете ја водата, прелијте го гравот со нова вода и оставете да зоврие. Гравот процедете го и прелијте го со топла вода.
Додајте ситно сечкан кромид и варете го на пониска температура додека да омекне зрното. Сварениот грав процедете го и префрлете го во поголем и подлабок сад (јас го извадив со решеткава лажица).
Оставете го малку да се излади и убаво испасирајте го во пире, оставајќи неколку ситни парчиња грав. Никогаш не ставајте го во „сечко“ или блендер, бидејќи ќе се претвори во каша.
2. Кога гравот ќе се олади додајте ситно сечкан лук, црн пипер во прав, оригано, босилек, ѓумбир, црвен пипер во прав и ситно сечкан магдонос. Сè добро соединете со дрвена лажица.
Посолете и зачинете по вкус. На крај додајте лебни трошки и со рака соединете. Со лажица кој прво ќе ја натопувате во вода, црпете од смесата и обликувајте ќофтиња. Ќофтињата многу убаво се обликуваат.
Јас направив крупни ќофтиња, па употребив лажица, а вие по ваш вкус одредувајте ја големината на ќофтињата. Наредете ги ќофтињата во соодветен плех преку проѕирна фолија и оставете ги настрана.
3. Празот се сече на полукругови и се пржи на 80 мл масло. Посолете по вкус. Испржениот праз распоредете го рамномерно на дното на садот за печење (должината на садот за печење е 36 см) или сличен соодветен сад.
Подготвените ќофтиња наредете ги преку празот.
4. Сос: Во соодветен длабок сад сипете 50 мл масло и веднаш додајте ги пасираните домати (јас користев домашни варени домати од шише) и вода во која е растворено пченкарно брашно.
На средна температура оставете го сосот да зоврие додека мешате. Кога сосот ќе зоврие, додајте мелен црн пипер, сув босилек и суви билни зачини по вкус. Се динста околу две минути со повремено мешање и се трга од оган.
5. Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Најпрво со кутлача прелијте ги ќофтињата со сосот, па прелијте го со остатокот од сосот.
Ставете во загреана рерна 20-30 минути (ако сакате поредок сос, печете го 20 минути, а за погуст сос оставете 30 минути). Овие ќофтиња ги направив по рецепт за Светогорски ќофтиња со мои мали измени. Рецепт и фотографии на Верица Николиќ.
Посно, евтино и лесно: необично вкусни ќофтиња за кои сите мислат дека се направени од месо