Многумина од нас го користат магдоносот како додаток при приготвувањето на различни јадења.

Свежа и ароматична билка, не само што храната ја збогатува со вкус и арома, туку и дополнително ја збогатува со витамини.

Помеѓу останатото, магдоносот е моќен диуретик, не’ ослободува од отоци, инфекции на уринарниот тракт и други здравствени проблеми.

Овој рецепт за слабеење е многу популарен на Балканот, а се заснова на способноста на магдоносот да ги исфрла од организмот вишокот течности, без да ја наруши рамнотежата на електролитите во телото.

Како се користи магдоносот за слабеење. Рецепт:

Наведената количина состојки е потребна за еднодневно користење.

Имајќи го во предвид изразениот диуретички ефект, не се препорачува зголемување на дозата, а лицата со низок притисок да се консултираат со лекар.

При хронични заболувања, а исто така и во бременост, напитокот од магдонос може да се пие само со консултација на лекар.

Потребни состојки и постапка:

5 супени лажици сув лист од магдонос или цела китка свеж магдонос, заедно со гранчињата

1 литар вода

Постапка:

Магдоносот прелијте го со зовриена вода. Поклопете и оставете да отстои 20-тина минути. Процедете.

Напитокот се пие во текот на целиот ден.

Магдоносот од организмот ги отстранува токсините, а исто така, го забрзува метаболизмот.

Со оглед на ефикасноста на напитокот, не се препорачува да го консумирате повеќе од пет дена континуирано. За одржување на процесот на слабеење, придржувајте се до правилен режим на исхрана