Кадаиф со ореви и кокос

Фото и рецепт: Катерина Спасова

Потребни состојки:

500 г кадаиф

250 г ореви сечкани (или мелени по желба)

250 г кокос

250 г путер

2 мали лажички цимет

1 ванилин шеќер

За шербет:

1 кг шеќер

700 мл вода

1 лимон

1 ванилин шеќер

Постапка:

Плехот бр.34 се премачкува со путер, се реди рамномерно половина од кадаифот, се редат ореви и кокос по желба, а кој сака може да стави лешници, фстаци или бадеми, рамномерно се попрскува со растопен путер и се пече во рерна додека да зарумени, околу 20-25 минути, на 150-160 степени.

Па се става вториот дел од кафаифот и се полева рамномерно со путерот, се враќа во рерна на печење додека да добиете убава заруменета боја.

Шербетот го приготвувате вообичаено, да врие 5 минути па му додавате сок од лимон или исечен на тркалца и ванилин шеќер.

Јас го ставам млако на млако и секогаш успешно, а некои ставаат ладен шербет на врел кадаиф, вие изберете си како ќе го попарите.

Целата постапка е прикажана преку фотографии од галеријата:

Фото и рецепт: Катерина Спасова

Loading...