Старински рецепт за совршена, богата чоколадна торта со ореви! Најдобриот рецепт…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
БИСКВИТ:
8 јајца
1 прстофат сол
8 лажици шеќер
6 лажици брашно
2 лажици какао во прав
1 прашок за печиво
14 лажици мелени ореви
ФИЛ:
6 јајца
200 г шеќер
1 ванилин шеќер
200 г чоколадо по избор
250 г путер или маргарин
1 шлаг пена
ДЕКОРАЦИЈА:
Мелени ореви
ПОСТАПКА:
Одвојте ги белките и пенасто изматете ги со постепено додавање на шеќерот додека да добиете цврст снег. Потоа додајте ги жолчките додека матите и сѐ соединете го густ крем. Потоа додајте ги сите останати состојки и лесно соединете.
Смесата сипете ја во големиот плех од рерна обложен со хартија и печете 25 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Оставете да се олади, па исечете 3 еднакви дела.
За фил: изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата, па гответе ги на пареа 40 минути со непрекинато мешање. Кремот е сварен кога ќе поминете со лажицата по дното и ќе остави траг.
Додајте чоколадото и мешајте додека да се растопи. Оставете да се олади целосно, па соединете со пенасто изматен путер. Во кремот сипете ја содржината од една кесичка шлаг пена и соединете со миксер.
Секоја кора премачкјате ја со третина од филот. Декорирајте со мелени ореви. Тортата пред послужување оладете ја во фрижидер.
За детален начин на подготовка, погледнете го видеото ОВДЕ: