Можеме да се сложиме дека ружите се навистина посебни и дека апсолутно секоја градина максимално ја разубавуваат.
За да започнат ружите убаво да цветаат напролет и да ви ја разубават градината, се препорачува да се насадат доцна есен, но доколку веќе сте задоцниле, тогаш тоа можете да го направите и во рана пролет.
Секако најидеално време е во есен. При садењето, ружата треба да ја засадите во земја заедно со обвивката, а притоа да ја посадите што подлабоко.
Доколку ја садите во есен, тогаш не треба да ја поткаструвате, туку само добро да наѓубрите и да нафрлите доволна количина земја. Напролет само расчепкајте го хумусот и младите фиданчиња поткастрете ги и оставете само три, со должина од 15 см.
Доколку зимата е силна, со многу снег или мраз, може да предизвика штета на ружите и тоа во голема мера.
За да ги заштитите зимно време користете најлон или слама, така што ќе ги завиткате околу нив и сите нови фиданки од земјата ќе ги потсечете.