МЕДОТ „НЕ СЕ ЈАДЕ“ И НЕ Е МАГИЧЕН…Пчелар откри вистини и заблуди поврзани со медот…„Како и за сè друго, така и за сè што е поврзано со пчеларството постојат многу заблуди“, открива пчеларот Зинад Делибашиќ.
„Нашиот народ најмногу го цени медот, а тој е последниот производ на пчелите. Кога велам „последен“, мислам на неговата вредност. На прво место е пчелиниот отров, а тоа е нешто што секој од нас барем еднаш во животот го доживеал, болниот убод.
Матичниот млеч исто така е многу скап и чини помеѓу 3-5 илјади евра по килограм и до него полесно се доаѓа. Неговото собирање бара вештина, трпение и прецизност, па тоа го обавуваат добро обучени пчелари.
Поленот често е занемарен од луѓето, а јас ќе споменам само дека во него се содржат уникатни витамини и минерали кои се неопходни за здравјето на организмот, а кои не може да ги внесе преку други намирници.
Прополисот е природен антибиотик кој во никој случај не може да му наштети на човековиот организам (како што е случај со синтетичките антибиотици), туку од него може да има само корист.
На последно место доаѓа медот, а кој луѓето најчесто го поврзуваат со пчелите. Тоа е храна, но и лек. Постои мит поврзан со медот дека тој е магично средство кој ги лечи сите видови болести, од најтешки до најлесни…што не е точно.
Медот го зголемува имунитетот и отпорноста на болести, само ако редовно се употребува редовно и во долг период. Мора секое утро да се зема по лажичка мед во период од 6 месеци за да почнете да ги чувствувате неговите благодети.
Целиот текст прочитајте го ОВДЕ.
МЕДОТ НЕ СЕ ЈАДЕ И НЕ Е МАГИЧЕН НАПИТОК: Пчелар обелодени вистини и заблуди за пчелните производи