ОД ЕДНА СМЕСА И КОРА И ФИЛ…Голема торта за незаборавни моменти! Ја правам веќе 40 години за секој повод…Зоја тортата или попозната како Рабин торта се подготвува од една иста смеса за филот и кората.

Сè се мати, а потоа се печат 3 или 4 кори, додека остатокот се користи како фил со додавање на шлаг или слатка павлака.

Голема, богата, полна со вкус на чоколадо, идеална за празници, родендени, прослави или која било друга пригода. Доколку не сакате толку голема торта, намалете ги состојките. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

20 јајца М (или 18 мали)
200 г кристален шеќер
400 г шеќер во прав (200+200)
500 г темно чоколадо
100 г млечна чоколада
500 г путер или маргарин
300 г мелени плазма бисквити
300 г шлаг или слатка павлака
400 мл газирана вода

ПОСТАПКА:

1.Пенасто изматете ги жолчките со шеќерот додека да станат кремасти. Потоа ставете ги на пареа и од моментот на зовривање гответе ги 10 минути за термички да се обработат.

Пред крајот додајте ги сечканите чоколада и мешајте додека да се соединат. Оставете 15 минути да се олади. Пенасто изматете го путерот со шеќерот во прав, а потоа постепено додајте го во изладениот крем и соединете со миксер.

2.Во поголем сад пенасто изматете ги белките со 200 г шеќер во прав, приближно 10 минути за да добиете цврст снег. Сипете половина од чоколадната смеса, промешајте, а потоа сипете ја и втората половина и сѐ изеедначете.

На крај ддодајте ја мелената плазма и промешајте за да се изедначи. Смесата оставете ја настрана. Обложете го плехот 35х25 см со хартија за печење. Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени

3.Сипете 2-3 кутлачи од смесата, израмнете и печете 15 минути. Тенката кора внимателно извадете ја сосе хартијата, зашто е доста мека и кршлива. На ист начин испечете уште 2 или 3 кори, и така сосе хартијата оставете ги да се оладат.

4.Остатокот од филот оставете го во фрижидер. Во посебен сад изматете шлаг во прав со газирана вода.

ФИЛУВАЊЕ: кора – фил – шлаг..и сѐ така ддодека да се потроши материјалот. Оставете ја во фрижидер да се стегне, па дури потоа декорирајте ја со шлаг или по желба. Постапката погледнете ја ОВДЕ.