ОБАМА ТОРТА…Популарен чоколаден десерт…Мерки на чаша и состојки од кујна…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
За бисквит:
3 јајца
1 чаша шеќер
1 ванилин шеќер
1 чаша масло
1 чаша газирана вода
2 чаши брашно
1 чаша какао во прав
1 прашок за печиво
За полевање на печениот бисквит:
200 мл чоколадно млеко
ФИЛ 1
400 г џем од кајсии (може и друг по вкус)
ФИЛ 2 (ганаш)
400 г чоколадо за готвење
500 мл слатка павлака
Декорација по желба
ПОСТАПКА:
1.Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата. Кога смесата ќе стане кремаста, во тенок млаз додајте го маслото додека сè уште матите, а потоа и газираната вода. Сипете ги сувите состојки (брашно, какао и пп), па сето со миксер соединете го.
2.Смесата сипете ја во калап за торти 24 см обложен со хартија и малку намастен, па ставете да се пече 35 минути во загреана рерна на 180 степени.
3.Печениот колач оставете малку да се олади, па исечете го испуканиот врв и оставете ги парчињата настрана. Потоа бисквитот внимателно пресечете го на две тенки кори.
4.Едната кора вратете ја во калапот и залијте ја со 100 мл чоколадно млеко. Одозгора распоредете 200 г џем од кајсии и оставете настрана.
5.Загрејте ја слатката павлака и пред зовривање сипете ја врз чоколадото искршено на коцки. Промешајте за сето да се соедини. Половина сипете врз џемот и рамномерно распоредете.
6.Повторете ја постапката уште еднаш, кора- млеко- џем- ганаш и одозгора посипете трошки од врвот на бисквитот сомелени во блендер. Тортата оставете ја да се олади преку ноќ во фрижидер. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/fhm-64896QA?si=txl0ZQntgBYENnVl