Направете торта „Мрзлива жена“ за 10 минути…Брз и едноставен десерт без јајца и без брашно…
Доколку размислувате која торта да ја подготвите за празниците, наш предлог е тортата „Мрзлива жена“ која може да се подготви буквално за 10 минути. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
200 г еуро крем или нутела
300 г мелена плазма (или бисквити по избор)
300 г малини
од 700 г до 1000 г шлаг
ореви за декорација
ПОСТАПКА:
Изматете околу 700 грама шлаг. Шлагот поделете го на три еднакви дела. Во првиот дел ставете мелена плазма, во вториот крем, а третиот оставете го како што е.
Во калапот прво ставете го делот со плазмата, слој шлаг, па одозгора наредете ги малините, па ставете дел од шлагот со крем, оладете во фрижидер, па обложете ја целата торта со шлаг.
Тоа е тоа. Изладете, декорирајте и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.