Торта за 15 минути… „Чоколадно лудило“…Рецепт кој сите го препишуваат…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 јајца
1 прстофат сол
8 г ванилин шеќер
150 г шеќер
120 мл масло
150 мл млеко
230 г брашно
20 г какао во прав
15 г прашок за печиво
За натопување помешајте:
100 мл млеко
1 лажица инстант кафе
1 лажичка какао
За глазура:
60 г шеќер
25 г скроб/нишесте/густин
20 г какао
250 мл млеко
100 г црно чоколадо
30 г путер
ПОСТАПКА:
1.Изматете ги јајцата со шеќер, ванила и прстофат сол, па додајте масло и млеко, а потоа брашно, какао и прашок за печиво. Изедначете и смесата сипете ја во намастен и набрашнет помал калап. Печете 30 минути во загреана рерна на 180 степени.
2.Печениот и оладен колач залијте го со мешавината од млеко, кафе и какао.
3.Во тенџере сипете шеќер, скроб, какао и млеко. Варете на умерен оган додека да почне да згуснува. Тргнете настрана и додајте чоколадо и путер.
4.Кремот сипете го врз колачот, израмнете и ставете во фрижидер да се олади и стегне. Декорирајте со чоколадни трошки. Постапката погледнете ја ОВДЕ.