Потребни состојки:

1 шолја = 200 мл

3 шолји проино брашно (пченкарно)

3 шолји пченично брашно

3 јајца

2 шолји масло

1 шолја млеко

3 шолји кисела вода

1 прашок за печиво

1 лажичка сол

3 шолји крупно издробено сирење

Постапка:

Вклучете ја рерната на 180 степени.

Ставете 3 јајца во сад и изматете ги малку.

Додадете една шолја млеко, 2 шолји масло и малску изматете.

Додадете 3 шолји кисела вода и малку изматете.

Додадете 3 шолји проино брашно и 3 шолји пченично брашно, па добро промешајте.

Додадете прашок за печиво и лажичка сол по вкус и промешајте.

Намастете ја тепсијата, ставете хартија за печење и излејте ја добиената смеса. Наросете 3 шолји крупно дробено сирење преку смесата за проја.

Малку избоцкајте со виљушка и ставете да се пече околу 30 до 35 минути.

Кога пројата е печена испрскајте ја малку со вода и прекријте со крпа.

После 5 минути пројата е готова и може да се послужи.