Добра идеја за едноставен, брз и вкусен ручек од рерна.

Шампињоните ќе ве воодушеват со својот вкус, а декорацијата никој нема да ја остави во чинијата.

Младите компирчиња кога не се во сезона заменете ги црвен компир, а додека има млади компири, секако искористете ја можноста да ги употребите.

Потребни состојки:

1 кг млад компир

600 г шампињони

3 домати со средна величина (можете да додадете и обарени суви пиперки по желба за да се збогати вкусот)

малку маслиново масло

1-1,5 лажичка сол, или по вкус

1 лажица мајчина душичка

1 лажичка рузмарин

1-2 чешниња лукче

Деталите од постапката погледнете ги во видеото: