Home Рецепти Триаголници со готови кори, децата многу ми ги сакаат, ги правам често

Триаголници со готови кори, децата многу ми ги сакаат, ги правам често

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г готови кори за пита

1 кисела павлака

4 јајца

1 чаша (од јогурт) масло

500 г сирење

сол по потреба

ПОСТАПКА:

Изматете го сирењето и 2 јајца. Посолете по потреба.

Направете го филот со кој ќе ги премачкуваме корите. Се прави така што матиме заедно кисела павлака или јогурт, 2 јајца и една чаша од јогурт масло. Малку посолете.

<

Корите пресечете ги со нож на средина, за да добиете помали кори.

Земете по една кора, намачкајте по цела површина со филот, преклопете еден дел, и уште еднаш, да добиете кора со должина од околу 25 см и ширина 8 см.

На едниот крај од аголот ставете сирење, преклопете за да добиете триаголник.

Правете вакви триаголничиња додека да ви се потроши сирењето, а ако ви остане ставете го одозгора врз триаголниците. Печете ги 10-15 минути на 200 степени.