Мојот денешен ручек- омилен на маж ми: брз и едноставен

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г тенки кори за пита

250 г полномасно сирење

2 јајца

Малку масло

И уште 100 мл за пржење (опционо)

ПОСТАПКА:

Изматете ги јајцата со сирењето во пенаста смеса. Ако не е доволно компактна, додадете малку масло.

Корите за пита пресечете ги по должина на половина и филувајте ги.

Целата кора премачкајте ја по целата должина со фил од сирење. Свиткајте ги краевите убаво, за да не истекува филот, па свиткајте како ролничка. Загрејте го маслото и пржете ги питичките од двете страни за да заруменат.

Можете да ги печете во рерна во плех со хартија за печење, наросени со малку масло.

Послужете со јогурт.

Претходна статијаХит колач кој се приготвува за 15 минути, со бисквити и банани
Следна статијаТриаголници со готови кори, децата многу ми ги сакаат, ги правам често