Фото и рецепт: Анита Стојановска

Потребни состојки:

1 шолја (200 мл) млака вода

1 шолја јогурт

1 белка од јајце

1/2 шолја масло

1 сув квасец

500 г брашно +-

1 лажиче сол

1 лажиче шеќер

за фил:

200 г спанаќ обарен и исечкан +-

200 г ајвар +-

200 г сирење издробено и помешано со малку кисела павлака +-

Постапка:

За замесување на тестото се користи една шолја од 200 мл млака вода, една шолја јогурт, една белка, половина шолја масло, малку сол, малку шеќер, 1 сув квасец и околу половина кг брашно.

Се замесува убаво тесто и се остава да стаса.

Тестото се дели на 4 дела, а од секој се формира топка и кора. Три кори се филуваат со спанаќ, со ајвар и сирење, а на последната не се става ништо.

Се остава така малку да одмори да се сучи правоаголна кора. Се сечат ленти (6) и малку се засучуваат во спирали за да бидат шарени.

Се редат во плех обложен со хартија. Се остава малку да надојде питата па се пече во загреана рерна на 200-220 степени во зависност од рерната додека да зарумени.

Фото и рецепт: Анита Стојановска