Фото и рецепт: Маја Митиќ

Потребни состојки:

4 јајца (јас ставив 5 моите беа помали)

300 г шеќер

150 м масло

150 м млеко

1 кесичка ванилин шеќер

1 кесичка прашок за печиво

500 г брашно

кора од 1 лимон

1 лажица какао

Постапка:

Јајцата се матат со шеќерот и ванилиниот шеќер, се додава млекото, маслото и брашното заедно со прашокот за печиво.

Смесата се истура во претходно подмачкан калап со маргарин и шеќер во прав.

Не се истура цела се остава 1/4-ина во која се додава какаото, се меша и се истура врз белата смеса.

Со виљушка се промешува околу целиот круг со спирални потези (внимателно да не се гребе облогата која служи да не се залепи колачот)

Се пече на 180°C /1 час.

Фото и рецепт: Маја Митиќ