Тостерки со млеко – најубавите брзи колачиња што ги сакаат децата и возрасните

Фото и рецепт: Наташа Илиевска

Потребни состојки:

4 јајца

300 г шеќер

200 мл масло

200 мл млеко

1 лажица свинска маст

1 прашок за печиво

1 ванилин шеќер

800 г – 1 кг брашно (зависи од брашното)

Постапка:

Јајцата и шеќерот се матат во подлабок сад додека шеќерот да се растопи.

Се додаваат останатите состојки и се продолжува да се мати со миксер додека состојките да се изедначат.

Од смесата се црпи со лажиче во вид на топче, па се става врз загреан и малку намастен тостер. Се поклопува со горниот дел од тостерот и се остава да се пече 1-2 минути.

Кога малку ќе заруменат се вадат и постапката се повторува додека да се потроши тестото.

Фото и рецепт: Наташа Илиевска

Претходна статијаЕдна екстра убава, декоративна и вкусна пита во спирали
Следна статијаЖивотот во Титова СФРЈ: Кога работникот беше господин…