Фото и рецепт: Маја Митиќ

Потребни состојки:

5 јајца

8 лажици шеќер

200 г маргарин или путер

100 г темно чоколадо(за готвење)

4 рамни лажици брашно

1 прашок за печиво

Постапка:

Се делат белките од жолчките.

Белките се матат со 2 лажици шеќер (поцврст е снегот ако се стави шеќер, иако речиси никој не ги мати со шеќер т.е. целиот шеќер го ставаат во жолчките).

Жолчките се матат со останатиот шеќер.

Маргаринот на пареа се топи со чоколадото и матејќи се додава во смесата со жолчки.

Потоа на тоа се додава прашокот за печиво измешан со брашното.

На крај се додава снегот од белки и се добро се меша со лажица(никако со миксер).

Се излева во калап и се пече 25 минути на 200°.

Прелив за пандишпанот:

100 мл чоколадно млеко 

или замена

100 мл.млеко

1 лажица шеќер

1 лажица какао

Се меша и ладно се прелива преку топлиот пандишпан.

Фил:

500 мл слатка павлака

200 г темно чоколадо(за готвење)

50 г маргарин или (путер)

Се загрева павлаката со чоколадото и маргаринот но не да зоврие,само да се стопи се, и топло се прелева преку сосема изладениот пандишпан.

Половина час на собна температура, потоа во фрижидер да отстои барем неколку часови пред служење.

(Јас користев темно чоколадо од  Пионир)

Фото и рецепт: Маја Митиќ