Потребни состојки:

1,5 пакување розен кори

1,5 литар млеко

5 јајца

800 г шеќер

12 лажици брашно

400 г квалитетно чоколадо за готвење

500 г мелени ореви

4 ванилин шеќер

1 лимон – рендана кора

За глазура:

100 г чоколадо за готвење

½ шолјичка млеко

½ шолјичка шеќер

½ путер/маргарин

Постапка:

Изматете ги белките посебно, па постепено додадете 800 г шеќер додека да се растопи, па додадете ги жолчките и уште малку матете.

Во посебен сад разматете 12 лажици брашно со малку млеко, а остатокот од млекото ставете го да зоврие. Додадете ги разматеното брашно и изматените јајца, па убаво промешајте да се соедини.

Кога млекото ќе проврие тргнете од оган и со лажица вмешајте ја смесата од јајца и брашно, убаво соединете и вратете на тивок оган, па сварете густ крем со постојано мешање.

Во врелиот крем додадете 400 г квалитетно црно чоколадо па мешајте убаво да се растопи. Оставете целосно да излади со повремено мешање за да не се фати коричка.

Во изладениот крем додадете 500 г мелени ореви, 4 ванилин шеќерчиња и рендана кора од еден лимон.

Тенко филувајте ги корите, колку што е потребно за да се премачкаат преку целата површина, редете ги една врз друга лесно притискајте ги за да се спојат.

Прелијте со глазура која треба да се растопи на пареа.

Тортата чувајте ја на ладно.