БАНАНА И ПУДИНГ СЕ ИДЕАЛНА КОМБИНАЦИЈА…Без печење, цела торта готова за само неколку минути…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За основата за торта:
600 г бисквити
250 мл фанта
Фил:
2 пакувања пудинг со вкус на ванила (2х40 г)
2 лажици шеќер
700 мл млеко
250 г путер или маргарин
200 г шеќер во прав
5 парчиња банана
Уште е потребно:
2 пакувања шлаг
рендано чоколадо за декорација
ПОСТАПКА:
1.Измешајте ги кршените бисквити со фанта сок. Оваа смеса натапкајте ја на дното од кружен калап за торти (приближно 26 см) обложен со хартија. Оставете во фрижидер да се стегне додека го приготвувате филот.
2.Сварете го пудингот на вообичаен начин, со 2 лажици шеќер и 700 мл млеко. мешајте непрекинато додека да згусне. оставете да се олади на собна температура.
3.пенасто изматете го путерот (на собна температура) со шеќерот во прав, па во него постепено додавајте го оладениот пудинг о миксајте додека сето да се соедини.
4.Врз основата од биксвити распоредете половина крем, па банани, па остатокот од кремот. оставете во фрижидер да се стегне, па декорирајте со изматен шлаг и рендано чоколадо.