Кога ни се јаде нешто убаво, а набрзина, а во фрижидерот немаме којзнае што, тогаш за појадок го јадеме ова…
Потребни состојки:
1 чаша (180 г) јогурт
2 јајца
2 чаши брашно
½ чаша масло
½ чаша млеко
1 прашок за печиво
Сол, црн пипер
За фил:
1 чаша рендан кашкавал
1 чаша сечкана шунка
Маслинки по желба
Постапка:
Со миксер изматете ги јајцата (цели), па додадете јогурт, брашно помешано со прашок за печиво, па постепено додавајте масло и млеко, смесата да не биде прегуста.
Изрендајте кашкавал и исечкајте шунка по количина од јогуртна чаша, додадете зачини, па полека промешајте ги во тестото.
Набоцкајте маслинки одозгора (доколку сакате), а можете и да изрендате тиквичка, но не мора.
Излејте во намастен плех и печете 25 минути на 180 степени.
Мерките се чаша од јогурт, но ако сакате поголема количина зголемете ја величината на чашата и количината на состојките.