Брза торта со јагоди и плазма бисквити…Лесна и кремаста торта…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1,4 литар млеко
10 лажици шеќер
160 г или 4 кесички пудинг од ванила
100 г бело чоколадо
200 г путер или маргарин
500 мл слатка павлака
500 – 600 г свежи јагоди или овошје по желба
300 или 450 г плазма бисквити во парче, во зависност од тоа дали ќе ги редите на плех или калап 32х22 см, во два-три реда.
ПОСТАПКА:
1.Во тенџере сипете 1 литар млеко и ставете го на оган да зоврие. Измешајте го пудингот со шеќер и 200 мл ладно млеко.
2.Чоколадото искршете го во садот во кој ќе го префрлите сварениот пудинг. Кога млекото ќе зоврие, додајте го пудингот и варете го со непрекинато мешање додека да се згусне.
3.Кога ќе се згусне, тргнете го од оган, прелијте го врз чоколадото, мешајте додека да се растопи и соедини, покријте го со фолија и оставете да се излади.
4.Во изладениот пудинг додајте сечкан путер на собна температура и сè изматете. Ако го правите со маргарин, мора и тој да биде на собна температура, но прво треба да го изматите посебно и дури потоа да го додадете во пудингот и да изматете сѐ.
5.Изматете ја слатката павлака во шлаг.
6.Во преостанатото млеко (200 мл) натопувајте ги плазма бисквитите и редете ги во калап обложен со фолија фолија.
7.Намачкајте ги бисквитите со слој од филот, наредете сечкани јагоди и нанесете слатка павлака.
Повторете го редењето.
8.Завршете го редење во калапот во ред бисквити и ставете го во фрижидер подолго или во замрзнувач за пократко ладење. Потоа превртете ја тортата и премачкјате ја со остатокот од филот.
9.Одозгора украсете со остатокот од слатката павлака и потоа оставете ја уште малку да отстои бидејќи на бисквитот му треба уште малку време да омекне. Постапката погледнете ја ОВДЕ.