Потребни состојки:

3 компири

3 моркови

3 варени јајца

300 г варен грашок

6-7 кисели краставички

300 г шунка или 1 пилешко филе

сол

и уште:

300 г мајонез

200 г павлака

Постапка:

Зеленчукот сварете го посебно во солена вода. Во истата вода можете да го сварите пилешкото месо, или употребете шунка.

Кога ќе излади ситно исечкајте го или изрендајте го.

Измешајте ги мајонезот и павлаката, а ако ја сакате побогата, користете и повеќе мајонез.

Измешајте добро се’, па полнете ги садовите обложени со листови салата или можете да полнете празно корпички, печива и принцес крофни.