Ова е лек за сите можни болки на коски, зглобови, мускули, глава, висока температура…

Знам дека малку е необичен овој лек, ама ние дома од кога памтам за себе го имаме дома, го прави мајка ми, го правела баба ми, пред неа прабаба ми… и многу е ефикасен. Оваа лековита мешавина помага при болки во коските, зглобовите, мускулите, главата, за симнување на висока температура..

Потребни состојки:

12 гранчиња рузмарин

12 цветови бел крин

1 литар чиста комова ракија

Постапка:

Во голема тегла на дното наредете 6 гранчина рузмарин, па после 12 цветови бел крин, па преку нив уште 6 гранчиња рузмарин и прелијте со чиста комова ракија и оставете на сончево место да отстои 40 дена.

После овој период ракијата станува лековита и може да се употребува само надворешно.

Се мачка и втријува на болното место, а доколку станува збор за хронична болка, секој ден мора да се мачка по неколку пати дневно.

Не смее да се пие!

Претходна статијаАлкалоид потпиша меморандум за соработка со уште два факултети
Следна статијаОваа салата е толку добра што ќе ви биде жал што порано не сте го знаеле овој рецепт