Веројатно сте слушнале за познатиот Хаселбек полнет компир, но дали знаевте дека и пилешкото месо може да го приготвите на истиот начин.

Имено, прво треба да засечете едно парче пилешки гради како што е прикажено подолу во видео снимката, а потоа да го посолите и запиперите по вкус.

Вака приготвените пилешки гради потоа може да ги филувате со спанаќ претходно пропржен на маслиново масло или со моцарела и рикота.

Потоа наросете рендан кашкавал и зачинете со црвен пипер. Вака филуваното пилешко месо ставете го да се пече на плех обложен со хартија, на 200 степени околу 20-25 минути.

Кашкавалот или моцарелата е најдобро да се наросат 10-тина минути пред крајот од печењето за убаво да се растопат а пилешкото да добие златна боја и совршен вкус.

Како прилог моѓете да послужете пржен или печен компир, ориз или обарен зеленчук.