ПРОЛЕТЕН КОЛАЧ…Посен, здрав, и многу вкусен…За помал стомак и поздраво тело…Без јајца, глутен и млеко…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
200 г овесни снегулки
60 г мелено семе од афион (мак)
1.5 лажичка прашок за печиво
малку сол
3 моркови со средна големина
1 портокал (сок и кора)
30 мл маслиново масло
85 г сируп од урми или мед
150 г каша од јаболка (јас користев мешавина од јаболка и цреши)
60 мл овесно млеко
За прелив:
сок од 1 лимон
30 г шеќер од урми или друг засладувач по желба
посипете со афион
ПОСТАПКА:
1.Овесот сомелете го во блендер до текстура на брашно и измешајте го со афион, прашок за печиво и прстофат сол.
2. Изрендајте ги морковите и кората од портокал. Во изренданата смеса исцедете го портокалот. Додајте масло, сируп од урми или мед, кашата од јаболка и овесно млеко. Поврзете сѐ.
3. Измешајте ги сувите и влажните состојки.
4. Загрејте ја рерната на 175 степени. Ставете да се пече во загреаната рерна 40 минути. Проверете со чепкалка за заби.
5.Помешајте ги лимоновиот сок со засладувачот. Премачкајте преку колачот.
Посипете со семе од афион и оставете да се излади на собна температура. Исечете и уживајте. Постапката погледнете ја ОВДЕ.