Пробајте ги, нема да се покаете!
Потребни состојки:
2 кесички пудинг од чоколадо (во прав)
1 жолчка
2 лажици рум
2 лажици вода
50 г шеќер во прав
50 г путер/ маргарин
Кокос, мелени лешници, мелени ореви…
Постапка:
Со жица за матење измешајте ги шеќерот во пра со жолчката, румот и водата. Таа смеса сварете ја на пареа, а кога ќе видите дека останува трага во садот, готово е.
Веднаш додека е топло додадете го путерот и пудингот во прав (не треба да се вари пудингот).
Добро промешајте ги состојките со жица, смесата е доста леплива, но таква треба да биде.
Оставете во фрижидер да отстои смесата околу 1-2 часа, па потоа обликувајте ги бомбиците со рака. Многу лесно се обликуваат без проблем.
Потоа валкајте ги во кокос или мелени лешници или нешто по ваш вкус.
Напомена: додека смесата се лади во фрижидер повремено проверувајте ја густината. Мене ми беа потребни еден час и 20 минути за да можам убаво да ги обликувам бомбиците.
Од оваа количина ми излегоа 21 мали топчиња, вие ако сакате повеќе зголемете ја дозата.