Поедноставно а повкусно од ова не можете да најдете. Едноставно се неодоливи!

Потребни состојки:

2 јајца
250 г мелени ореви
250 г сечкани ореви
180 г шеќер во прав

Постапка:

Со виљушка изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете мелени ореви и убаво изедначете ја смесата.

Формирајте кифлички, а секоја кифличка валкајте ја во сечкани ореви.

Печете во плех обложен со хартија за печење на 180 степени, 35 минути.

Многу, многу едноставно.

Уживајте!