Ставам бисквити, грст ореви, шеќер и какао и ја правам мојата лесна чоколадна торта без печење…Највкусната што сум ја јадела!

Ова е една од најлесните, но сепак највкусни колачи што сте ги пробале… Затоа, засукајте ги ракавите и подгответе ја оваа торта пред некој од вашите најблиски да дојде дома за да ги изненадите! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 грама бисквити
120 грама сечкани/мелени ореви
250 грама млеко
120 грама шеќер
10 грама ванилин шеќер
60 грама пудинг од чоколадо/какао во прав
150 грама путер

За глазура:
120 грама чоколадо
80 мл слатка павлака

За посипување:
100 грама мелени ореви

ПОСТАПКА:

Бисквитите искршете ги на ситни парчиња и ставете ги во поголем сад. Додајте ги мелените ореви и измешајте.

Истурете го свежото млеко во соодветен сад, додајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер и ставете го на шпорет. Штом ќе зоврие додајте го какаото.

Промешајте и варете додека смесата да почне да се згуснува. Откако ќе го направите ова, извадете го и додајте го путерот. Мешајте додека целосно да се растопи. Потоа со оваа смеса прелијте ги бисквитите и убаво измешајте.

Земете сад за печење со дијаметар од 18 сантиметри, истурете ја смесата и израмнете. Оставете ја тортата во фрижидер да се стегне.

Направете ја глазурата од загреана слатка павлака во која ќе го растопите ситно исечканото чоколадо.

Мешајте на тивок оган додека целосно да се соедини (внимавајте да не ви зоврие!)

Сипете ја глазурата врз тортата, декорирајте со сечкани/мелени ореви и вратете ја во фрижидер уште 2-3 часа. Постапката погледнете ја ОВДЕ.