СИТЕ ЈА КОРИСТЕВМЕ СИНАТА НИВЕА ВО МИНАТОТО…Ама речиси никој не знае за овие работи…
Сите знаеме дека се работи за висококвалитетен крем и дека неговата употреба има многу придобивки, но многумина не ги знаат следниве работи за него.
Нивеа кремот во класична, сина кутија, со препознатлив мирис и едноставна формула, е незаменлив инвентар во бањите и на мажите и на жените.
Многу луѓе не се разделуваат со него, па дури и го носат со себе во својата чанта. Сепак, кремот Нивеа не е добар само за брзо освежување на лицето или рацете. Можете да го примените на многу повеќе начини, а денес ви откриваме како.
Против стареење
Нанесете го кремот пред спиење на местата каде што сте забележале развој на брчки, добро натапкајте со прстите додека да се впие, па ако е потребно нанесете уште еден слој. Наскоро ќе ја забележите разликата!
Прочитајте: „ЛИЦЕ 20 ГОДИНИ ПОМЛАДО: Мачкајте се со ова секоја вечер, па ќе бидете изненадени од резултатот“ – ОВДЕ.
Стрии
За да спречите појава на стрии во текот на бременоста, втријте го кремот Нивеа на стомакот, градите и колковите. Резултатите ќе бидат исто толку добри како да сте користеле скапи масла специјално направени за спречување на стрии.
Прочитајте: „НИВЕА И ОРИЗ: Комбинација која ќе ви даде изглед на 16-годишна девојка, без разлика на возраста…“ – ОВДЕ.
Темни кругови
По бурна или непроспиена ноќ, сите се будиме со темни кругови под очите. Прилично тешко се покриваат, па секогаш е најдобро да ги спречите да се појават. Пред спиење, вмасирајте го кремот во чувствителната кожа околу очите. Измијте се наутро и ќе ја забележите разликата.
Отстранување шминка
Ако имате крем Нивеа дома, можете да заборавите на скапите средства за отстранување шминка. Натопете памук во кремот и лесно отстранете ја шминката, па дури и водоотпорната шминка.
Сува кожа на лактите
Многу луѓе страдаат од сува, ронлива кожа на лактите. И тука, Нивеата е идеалниот хидратантен крем кој повторно ќе ја направи кожата мазна и мека.
Сува кожа на рацете
Сувата кожа на рацете е чест проблем – особено ако морате многу често да ги миете рацете. Не ви се потребни скапи креми за раце, дизајнирани специјално за дополнително сува кожа.
Сè што ви треба е Нивеа: тоа е толку моќен навлажнувач што дури и испуканите раце се повторно мазни по употреба. Ефикасно е и за сува кожа на колената и стапалата!
Превенција и третман на дерматитис
Најчесто луѓето страдаат од дерматитис предизвикан од прекумерна или неправилна употреба на премногу агресивни сапуни, средства за чистење, креми и други производи.
Ова доведува до егзема, црвенило, чешање и отекување на кожата. Поради својата особено густа текстура, Нивеа е погодна дури и за третман на овие сериозни проблеми со кожата. Секако, во случај да нема подобрување, треба да посетите дерматолог.
Лекување на помали изгореници
Доволно е само дел од секунда да допрете жешко тенџере или рингла за која не сте знаеле дека е вклучена, така што прстот или раката ќе почнат страшно да ве печат. Уште еднаш, Нивеа кремот се јавува како спасител: ја смирува кожата и спречува појава на плускавци.
Лекување на изгореници од сонце
Сите некогаш се случило да заборавиме да нанесеме крем за сончање или да поминеме предолго на сонце. Истата таа ноќ или следното утро, кожата се покрива со познатите болни, црвени изгореници. Но, по само неколку апликации со Нивеа, кожата ќе се смири и ќе почувствувате олеснување.
Мевлем за усни
Никој не сака да бакнува суви, испукани усни, нели? За да ги направите вашите усни повторно меки и мазни, масирајте ги со кремот Нивеа неколку пати на ден, неколку дена по ред. Едноставно, вашите усни ќе омекнат, раничките ќе заздрават, а вие ќе заштедите пари што би ги потрошиле на скапи балсами за усни.
Неверојатно е на колку начини можете да го искористите кремот од оваа мала кутија. Ќе заштедите пари и нема да морате да носите со себе куп скапи производи за нега – совршеното решение за многу проблеми може да се смести во вашиот џеб!