Јелена сподели рецепт за приготвување на домашен крем против брчки кај зрела кожа, кој го прави лицето за 20 години помладо. Како што вели таа, ова е најмоќниот природен колаген досега.

Таа порачува да го испробате и да ги споделите искуствата, зашто ќе заштедите многу пари. Овој домашен крем ја затегнува кожата и го осветлува тенот. Со помош на евтиниот „нивеа“ крем ќе и овозможите на вашата кожа да изгледа многу помладо од вашите години.

Маската ја отвора кожата и дава свежина и блескав изглед, а особено благопријатно делува на пределот од лицето, вратот и деколтетот. Се прави во помали количини за секогаш да ја имате во свежа состојба.

Самиот „нивеа“ крем содржи состојки кои на кожата и даваат дополнителна мекост, ефикасна е за отстранување на плитките брчки, односно фините линии на лицето. Втората состојка е лимонот кој штити од сушење и ја отстранува пигментацијата.

Лимонот ја прави кожата сјајна и блескава, а наместо лимонов сок можете да користите и сок од портокал, ќе го има истиот ефект. Ова е проверен рецепт за затегнување на кожата, нема да погрешите ако го направите.

Третата состојка е млеко во прав и има функција да ја одржува кожата чиста, со чисти пори и изедначување на тенот. Покрај тоа ја омекнува и на допир ја прави свиленкаста. Еве што ви е потребно за помала количина:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 мали лажички „сина“ нивеа крем, сок од 1/4 лимон (приближно една кафена лажичка), 1 кафена лажичка млеко во прав, 1 кафена лажичка алое вера гел (купечки или изваден од еден помал лист)

ПОСТАПКА: црпенете две мали лажички од нивеа кремот и претурете ги во соодветно помало кутивче или стаклена тегличка. Изматете ја малку со лажичката за да омекне. Потоа додајте една мала лажичка сок од свежо исцеден лимон (1/4).

Добро промешајте за да се соедини сокот со кремот. Потоа додајте млеко во прав и повторно измешајте за да се изедначат состојките во хомогена, мазна кремаста смеса. Најпосле додајте го алое вера гелот и добро изедначете.

УПОТРЕБА: нанесете на чиста кожа навечер, на целото лице, вратот и деколтето, направете лесна масажа за да се впие што повеќе и оставете да делува еден час. Потоа исплакнете се со млака вода, избришете со нежна крпа и нанесете бадемово масло или вашиот хидрантен крем.

Оваа маска е одлична за дехидрирана кожа. Кремот чувајте го во фрижидер до седум дена. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.