Ровки кори со ореви, фантастичен готвен крем и неверојатен вкус каков што долго не сте пробале.

Кога ќе го направите овој колач, ќе мора да си ставите катанец на фрижидерот, зошто веднаш ќе ви го изедат!

Потребни состојки:

5 белки

250 г шеќер

100 г мелени ореви

1 лажица лебни трошки (презла)

За крем:

5 жолчки

150 г шеќер

3 лажици брашно

250 мл млеко

1 чајна лажичка екстракт од ванила

250 г путер/маргарин

По желба малку рум

Постапка:

Пенасто изматете ги белките, додадете шеќер и на крај оревите и лебните трошки кои ги вмешувате лесно со лажица.

Во обложен плех со хартија распоредете ја смесата и печете на 180 степени околу 40 минути.

Жолчките пенасто изматете ги со шеќер, па додадете ванила, брашно и млеко па на пареа сварете ги додека да згуснат. Во изладениот крем додадете пенасто изматен путер.

Кората преполовете ја на два дела и филувајте: кора – фил – кора.

Добро изладете пред послужување.