„Како и за сè друго, така и за сè што е поврзано со пчеларството постојат многу заблуди“, открива пчеларот Зинад Делибашиќ.
„Нашиот народ најмногу го цени медот, а тој е последниот производ на пчелите. Кога велам „последен“, мислам на неговата вредност. На прво место е пчелиниот отров, а тоа е нешто што секој од нас барем еднаш во животот го доживеал, болниот убод.
Пчелиниот отров е многу скап, така што 1 кг пчелин отров чини приближно 90 000 евра. Ценејќи според неговата цена можете да сфатите колку таа супстанца е драгоцена. Се користи во фармацијата, а за дојдете до тој 1 кг пчелин отров, потребни се преку милиони убоди.
Вториот пчелин производ по вредност е матичниот млеч. Тоа е супстанцијата со која се храни матицата и претставува енергетска бомба за неа, а која и овозможува во текот на денот да снесува јајца кои се 2-3 пати потешки од нејзината телесна тежина.
Матичниот млеч исто така е многу скап и чини помеѓу 3-5 илјади евра по килограм и до него полесно се доаѓа. Неговото собирање бара вештина, трпение и прецизност, па тоа го обавуваат добро обучени пчелари.
Третиот пчелин производ според нутритивен квалитет е поленот. Тоа е се оние жолти, црвени, кафеави црнца, а тоа е всушност поленот кои пчелите го земаат од цветовите, а овие зрнца се полупроизвод.
Готовиот производ се нарекува „перга“ и се наоѓа во самите кошници, во рамките и малку потешко се зема за што е потребно знаење и посебна техника. Пергата уште се нарекува и „пчелин леб“, бидејќи ако нема полен, ќе нема и нови генерации пчели.
Поленот често е занемарен од луѓето, а јас ќе споменам само дека во него се содржат уникатни витамини и минерали кои се неопходни за здравјето на организмот, а кои не може да ги внесе преку други намирници.
Секоја кошница во сезона може да придонесе просечно 5-6 кг поленов прав без загрозување на опстанокот на пчелите. Пчелиниот полен треба правилно да се консумира ако сакате организмот да го искористи.
Ако едноставно го ставите во уста и го голтнете, организмот нема да го искористи затоа што секоја мембрана од поленот е толку силна што дури ни желудочната киселина не може да ја разбие. Јас секогаш го давам следниот совет:
-Земете една мала лажичка полен и залијте ја со 100 мл вода, поклопете и оставете 12 часа за да набубрат гранулите на поленот. По изминатото време промешајте и испијте ја течноста.
Четвртиот пчелин производ кој исто така, често е занемарен, е всушност прополисот кој е во тврда состојба, најчесто како кафеава, густа грутка. Што е прополис?
Прополисот е природен антибиотик кој во никој случај не може да му наштети на човековиот организам (како што е случај со синтетичките антибиотици), туку од него може да има само корист.
Луѓето кога ќе се разболат често одат в аптека за да набават некој фармацевтски антибиотик од кој секако ќе имаат корист и подобрување, но на долгоречен план, овие антибиотици го оштетуваат желудникот и цревната микрофлора, како и црниот дроб и бубрезите, па некогаш може да бидат повеќе штетни од корисни.
Од прополисот можете да имате само корист, а никаква штета. Тоа се етерични масла на смола, кои пчелите ги совираат од разни видови билки, ги носат во кошницата и ја стерилизираат, бидејќи тие се многу педантни и хигиенски суштества.
Прополисот спречува појава на болести, па доколку постојат евентуални дупчиња во кошницата, пчелите и нив ги обложуваат со прополис со цел да не дојде до контаминација и зараза од секаков вид.
Може да се џвака во сирова форма, но не може да го даде истиот ефект како што на пример го даваат прополис капките. Тоа се нешто друго: прополисот се ситни и се потопува во одредени растворувачи како што е 96% алкохол.
Потоа се процедува и се полнат мали шишенца од 10 или 20 мл. Како растворувач може да се користи и пропилен гликол со нешто помала растворливост на прополисот. Како се користи?
Прополис капките може да се користат за нос во вид на спреј, или во грло за воспаление на крајници, на коцка шеќер или лажичка мед, полека да се растопува во уста.
Кога станува збор за дозирањето, тука не може да се претера, бидејќи станува збор за природен производ, но 5-10 капки дневно се доволно (5 капки наутро и 5 капки навечер).
На последно место доаѓа медот, а кој луѓето најчесто го поврзуваат со пчелите. Тоа е храна, но и лек. Постои мит поврзан со медот дека тој е магично средство кој ги лечи сите видови болести, од најтешки до најлесни…што не е точно.
Медот го зголемува имунитетот и отпорноста на болести, само ако редовно се употребува редовно и во долг период. Мора секое утро да се зема по лажичка мед во период од 6 месеци за да почнете да ги чувствувате неговите благодети.
Како ќе знаете дека медот има ефект врз вас? Многу едноставно! Кога сите околу вас ќе кашлаат, вие ќе се чувствувате здраво и одлично, или сосем малку ќе ги почувствувате симптомите на вирозата.
Втората заблуда е кога ќе ви речат, земајте го медот наутро на гладно. Ова е погрешно, затоа што сите токсини кои се насобрале во текот на ноќта, треба наутро да ги испереме со чаша вода.
Значи, првото нешто што треба да го направиме наутро е да се напиеме чаша-две вода, за да се испере дигестивниот тракт. Медот има леплива структура, па ако наместо вода прво изедете лажица мед, тој ќе ги привлече сите тие елементи и ќе ви „падне“ тешко на желудникот.
Има луѓе кои се жалат дека медот им предизвикува „киселини“, ждригавица во желудникот, а тоа се случува токму поради тоа.
Јас секогаш препорачувам медот да се пие, а не да се јаде. Медот се спомнува и во некои древни списи, како меден напиток, а не храна. Затоа, најдобро е медот да го растворате во вода, чај или некој друг напиток, и како таков да го пиете.
Течноста треба да биде ладна или млака, а никако врела. Вака растворениот мед многу полесно се апсорбира и за 15 минути веќе е вашиот крвоток.
И како последен совет: купувајте мед од ваш познат пчелар, сосед или од некој во кој имате доверба. медот од година во година ја менува својата боја, бидејќи бојата, вкусот и мирисот зависи од поленот кој доминирал таа година.
Ако ланскиот мед кој сте го купиле бил со темна боја, а овогодишниот е посветол, можеби ќе си помислите дека тој нешто „му направил“, но не!
Тој ништо не направил, туку едноставно таа година доминирала некој друга билка за разлика од минатогодишната. Пчеларот можете да го слушнете во видеото ОВДЕ.