Црвениот кромид е богат со биофлавоноид кверцетин, кој е добар во борбата против алергии, воспаленија, рак и срцеви заболувања.
Сепак, дали знаевте дека лушпата од овој кромид е исклучително добра и за здравјето.
Лушпата на црвениот кромид, иако не е јадлива, таа е полна со кверцетин, моќен антиоксиданс кој го регулира крвниот притисок и спречува кардиоваскуларни болести, вклучително и артериосклероза.
Ако во секој оброк додавате лушпа од црвен кромид, ќе го зајакнете вашиот оброк со моќни антиоксиданси и други корисни хранливи материи.
Како да го користите?
За да се извлечат кверцетинот и другите здрави соединенија од лушпата на црвениот кромид, доволно е да ставите една или две цели главици црвен кромид (неизлупен) во супата или чорбата.
Можете да ги ставите лушпите додека се готви варивото спакувани во филтер кесичка или чист најлон-чорапот, па да ги звадете кога супата или варивото ќе почне да врие.
Освен што вашата супа ќе биде богата со антиоксиданси, ќе има и убава кафеава боја, во зависност од тоа кој кромид сте го користеле.
Лушпата од кромид содржи повеќе антиоксиданси од плодот на кромидот
Лушпата од кромидот е богата со силен растителен пигмент наречен кверцетин, кој е многу ефикасен за намалување на хипертензија и спречување на затнати артерии.
Покрај тоа, лушпата од кромид има антеканцерогени, антифунгални, антибактериски и антиоксидативни својства.
Доколку ја вклучите и лушпата во исхраната, вие драстично ќе го намалите ризикот од:
-кардиоваскуларни болести
-рак на дебелото црево
-дебелина
-тип 2 дијабетес
-гастроинтестинални проблеми
Како да се направи чај од кромидова лушпа
Ова е неверојатен детоксикациски пијалак, кој многу едноставно се приготвува. Собирајте ги лушпите од кромид во стаклена тегла.
Кога ќе сакате да си ја направите вашата инфузија, ставете неколку парчиња во сад и прелијте ги со зовриена вода. Покријте да киснат околу 15 минути. Процедете и пијте пред спиење.
Кверцетинот покрај другото има и седативни својства, па затоа е добро овој чај да се консумира пред спиење.
Користете ја лушпата од кромид за супи и чорби
Бидејќи лушпата не може да се јаде, затоа е најдобро да се користи за приготвување на супи и чорби.
Кверцетинот, главната состојка во лушпата од кромид, е моќен флавоноид – антиоксиданс, кој се бори против слободните радикали-предизвикувачи на ракот.
Студиите покажуваат дека лушпата на кромидот содржи висок процент на диетални влакна .
Според истражувањата, лушпата од кромидот може да се користи како одличен додаток на секоја диета поради негоавата висока содржина на нерастворливи влакна, што е од голема корист за редовните и нормални перисталтични движења на дебелото црево.
Дополнително, овие нерастворливи влакна помагаат да се отстранат сите токсини од цревата и да се балансира нивото на рН вредноста. Спречува формирање на канцерогени клетки.
Влакната се од корист за целокупното здравје, бидејќи го намалуваат ризикот од неколку здравствени проблеми, како што се кардиоваскуларни болести, рак на дебелото црево, дебелина и дијабетес тип 2.
Забелешка: препарати приготвени со лушпа од кромид не се препорачуваат за бремени жени и доилки.