Како на НАЈБРЗ И НАЈЛЕСЕН начин да ја одмрзнете шофершајбната? Одбегнувајте средства кои оштетуваат, овој трик е најдобриот!

Трикот кој беше споделен на Тик Ток ги воодушеви сите, а експертите предупредуваат на најчестите грешки што ги прават возачите…

Студените денови се тука и првиот утрински мраз веќе ги покри повеќето автомобили, особено оние кои биле паркирани на осој. Многумина го вадат мразот од стаклата со стругалки и поради тоа мораат порано да излезат од дома за да не доцнат на работа.

Доколку и вие спаѓате во групата на луѓе кои секојдневно возат автомобили, а кои многу ги нервира утринскиот мраз кој ја прекрива шофершајбната, ова се совети кои би можеле да ви го олеснат животот.

Најдобриот совет што можете да го примените веднаш е да го покриете стаклото навечер со специјална фолија за да ја заштитите шофершајбата, но доколку немате, може да ве послужи и старо ќебе или пешкир или парче картон.

Стружењето со стругалка е ефикасно, но малку бавно. За да го забрзате процесот на отстранување на мразот од стаклото, треба да влезете во автомобилот, да го вклучите греењето и да дозволите топол воздух да дува во шофершајбната.

Така додека го стругате мразот тој полесно ќе се стопи и побрзо ќе го отстраните.

Она што не смеете да го правите е да истурите топла вода врз замрзнатото стакло. Ова може да предизвика пукање и оштетување на шофершајбната.

Исто така, посипувањето чист оцет може да го оштети стаклото, па ако веќе го користите, разредете го во сооднос 1:3 со вода (три дела вода и еден дел оцет).

Направете домашен спреј за брзо одмрзнување

Многу е едноставно. Станува збор за течност за одмрзнување со која наутро ќе ја испрскате замрзнатата шофершајбна, а мразот брзо ќе омекне и лесно ќе го отстраните, без макотрпно стругање.

Во шише со распрскувач ставете еден литар алкохол, 100 мл вода и една лажичка детергент за миење садови. Добро протресете и готово.

Постои и друга варијанта – измешајте алкохол и вода во шише со распрскувач во сооднос 2:1 (две третини алкохол и една третина вода).

Покрај тоа, корисничка на TikTok го откри најдобриот начин за одмрзнување на шофершајбната, кој веднаш стана вирален.

Сара сподели трик кој е многу едноставен и не бара никаков дополнителен труд, па дури и излегување од автомобилот, а луѓето се воодушевени.

– Ова видео го снимам секоја година. Кога ви е замрзната шофершајбната, задолжително спуштете ги штитниците за сонце за да го запрете протокот на воздухот и да го насочите кон стаклото, со што ќе го стопите мразот побрзо – објасни таа и напиша во видеото дека ова е важен совет за сите тинејџери возачи. Видеото погледнете го подолу:

@saraedeutsch

Teen drivers need to know this! Frozen windshield are about to be a thing with all the cold and snow #winter #buffalosnowstorm #winterweather #snow #teendriver

♬ original sound – Sara Deutsch