Помешајте сол и паста за заби – ќе го добиете најдоброто средство за чистење бигор…неверојатен сјај и чистота!

Можеби никогаш не ви текнало дека солта и пастата за заби можат да се помешаат, но она што ќе го добиете од ниваната комбинација ќе ве воодушеви!

Испробајте го овој рецепт, бидејќи не само што ќе ви заштеди време и пари, туку сè што ќе исчистите со ова средство потоа блеска од чистота и сјај. Резултатите сигурно нема да ве остават рамнодушни.

Ова средство за чистење (паста) е многу подобро од купечките средства за чистење кои се преполни со токсични хемикалии кои преку кожата и испарувањата навлегуваат во организмот и можат да остават последици. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 супени лажици обична готварска сол
10 см обична паста за заби (која содржи сода бикарбона)
1 супена лажица обичен течен детергент за миење садови

ПОСТАПКА:

Во еден сад сипете сол, паста за заби и додајте една лажица течен детергент кој има за цел да ги поврзе претходните две состојки. Добро промешајте додека да добиете изедначена паста и вашето средство за чистење е готово.

Со оваа паста можете да ја чистите бањата, мијалници, плочки, када и останати санитарии. Ги дезинфицира површините и го отстранува бигорот, а остава голем сјај.

Намачкјате ја површината и малку протријте притоа, па оставете да делува неколку минути и потоа исплакнете. Ќе бидете воодушевени! Деталите од презентацијата можете да ги погледнете ОВДЕ.