Навечер испрскајте 2 состојки од вашата кујна врз шофершајбната и наутро нема да биде замрзната: трик вреден злато…
Еве како да спречите замрзнување на шофершајбната и напорно чистење наутро…
Со помош на неколку трикови кои ви ги пренесуваме, можете да одите на работа наутро без да смрзнувате додека ја гребете шофершајбната на вашиот автомобил и негодувате со погрдни зборови против зимата и мразот.
1. Измешајте оцет и вода во сооднос 3:1 и истурете ја течноста во шише со распрскувач.
Испрскајте го стаклото со ова навечер кога нема мраз на него и ќе спречи да се формира во текот на ноќта, а наутро ќе се најдете во автомобилот без претходно да мора да го исчистите.
Секоја вечер прскајте ги сите стакла на вашиот автомобил и уживајте во зимата.
Прочитајте: „Спас за шоферите: на овој начин многу брзо и лесно ќе го исчистите мразот од шофершајбната“ – ОВДЕ.
2. Измешајте медицински алкоxол и вода во сооднос 2:1 и истурете во шише со распрскувач. Испрскајте ги стаклата навечер кога нема мраз на нив.
Оваа течност веднаш ќе го отстрани мразот и можете да ја користите за чистење на стаклото кога е малку замрзнато наутро. Можете да ја испрскате и внатрешната страна за да спречите замаглување.
3. Не заборавајте да додадете 5 лажици медицински алкоxол во течноста за бришачите на шофершајбната за да избегнете замрзнување и грди линии што се појавуваат кога ќе ја прскате на шофершајбната.
Користете како и обично, само со додавање на алкоxол ќе се спречи појава на мраз на шофершајбната.
Во овие ситуации добро ќе ви дојде и старо ќебе или картон, кои во текот на ноќта ќе ги ставите преку шофершајбната и на тој начин целосно ќе го покриете стаклото.
Задолжително притиснете ги краевите на ќебето или картонот за да останат на едно место. Наутро само тргнете ги, а на овој начин можете да ги покриете и останатите стакла на автомобилот.
Можете да погледнете како се приготвува специјалната течност против мраз на шофершајбна – ОВДЕ.