Потребни состојки:

1 парче готово лиснато тесто

400 мл млеко

1 пудинг од ванила

3 лажици шеќер

По вкус вишни, боровинки, малини

Малку шеќер во прав за наросување

Постапка:

На побрашнета работна површина развлечете ја кората од лиснато тесто. Сварете го пудингот, изладете го па премачкајте го лиснатото тесто.  Во два реда ставете вишни (јас ставив и малку боровинки).

Свиткајте во ролат, ставете во плех или калап и печете 180 степени додека да зарумени.

Готовиот ролат оставете го да излади, па сечете на парчиња. Наросете со шеќер во прав и послужете.