Потребни состојки:
200 мл масло
100 мл вода
½ прашок за печиво
1 ванилин шеќер
20 г квасец
500 г брашно
За фил:
4-5 јаболка
5 лажици шеќер
Цимет, ореви, шеќер во прав
Постапка:
Замесете тесто од масло, млака вода, квасец, брашно, прашок за печиво и оставете да отстои 30 минути. За тоа време пригответе го филот од јаболка (а вие доколку сакате можете да направите фил од тиква, исто се многу убави).
Фил: излупете ги и изрендајте ги јаболката на крупно ренде. Со рацете истискајте ги малку за да излезе вишокот вода, па ставете ги на оган да се пропржат со 5 лажици шеќер, додадете цимет по вкус и сечкани ореви, само колку да се соединат сите состојки и да се растопи шеќерот). Оставете да излади.
Тестото поделете го на 5 топчиња.
Првото топче ставете го на хартија за печење (претходно исечете си едно правоаголно парче) и развлечете долгнавеста коричка 34х11 см.
На едниот крај ставете фил, па со помош на хартијата направете ролат, повеќе сплескан да биде.
Исечете 7 парчиња. Постапката повторете ја со сите топчиња.
Наредете во намастен плех и печете во загреана рерна на 200 степени.
Кога се готови ставете шеќер во прав и послужете.