Лутите пиперчиња го забрзуваат растот на косата

За да ви биде косата поздрава и побрзо да ви расте, во темето на главата втривајте лосион направен од лути пиперки.

ЛОСИОН ОД ЛУТИ ПИПЕРКИ ЗА БРЗ РАСТ НА КОСАТА

Во една стаклена тегла ставете четири исечкани, црвени, лути пиперчиња и половина литар водка или 50% алкохол.

Добро затворете ја теглата и оставете да отстои 21 ден.

После тоа процедете, а добиениот лосион чувајте го во стаклено шише.

За еден третман се доволни 50 милилитри од овој лосион.