Кокосовата баклава е лесна за подготовка и не е скапа. Ќе се изненадите колку е слатка и вкусна. Некој ја нарекува „баклава“, а некој „пита со кокос“, но вие можете да ја наречете како сакате. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
200 грама кокос
3 јајца
1 чаша (од 200 мл) шеќер
1 чаша (од 200 мл) масло
300 мл јогурт
1 кесичка прашок за печиво
1 пакување готови кори за баклава
За сируп:
2 чаши вода
2 чаши шеќер
Арома на ванила и неколку тркалца лимон по желба
ПОСТАПКА:
За сируп (се подготвува најмалку 1 час пред печење на питата за да има време да се олади): во тенџере сипете шеќер и вода и од моментот на зовривање варете 15-тина минути на умерена температура.
Во подлабок сад пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека да згуснат и шеќерот да се растопи. Потоа додајте го јогуртот, маслото, прашокот за печиво и кокосот.
Промешајте и изматете повторно додека сите состојки да се изедначат. И толку смесата е готова и започнуваме со виткање на корите. Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.
Отворете една кора и врз неа сипете 1-2 кутлачи фил, па премачкјате преку целата површина. Врз филот преклопете нов лист, па и врз него распоредете фил.
Внимателно свиткајте тенок ролат и редете во плех намастен со путер или маргарин. Постапката продолжете ја на ист начин додека да ви се потроши сиот материјал.
Јас добив 7 ролати. Питата исечете ја на парчиња со големина по ваша желба и ставете да се пече во загреаната рерна приближно 25 минути.
Топлата баклава-пита залијте ја со оладен сируп.
Оставете целосно да се олади, па послужете. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. Ако ви се допадна овој рецепт, погледнете уште неколку рецепти за баклава со кокос: