Домашниот сируп ја лекува и најупорната кашлица: само три состојки! Денеска го правиме познатиот домашен сируп против кашлица од ловоров лист и лимон. Ова е прекрасен лек за чистење на белите дробови и зајакнување на имунитетот.

Дали сте пробале ловоров лист против кашлица? Тој е одличен природен лек за бронхитис, настинка, вируси, сезонски грип и други респираторни инфекции.

Ќе ви откриеме како на најлесен начин да направите многу ефикасен сируп против кашлица од ловоров лист и лимон. Сирупот од ловоров лист за кратко време го елиминира вишокот слуз и го олеснува дишењето.

Овој сируп за кашлица за возрасни се зема три пати на ден, по една лажица, а децата можат да пијат една до две лажици дневно. Секако, не заборавајте претхдодно да се советувате со вашиот лекар. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

10 ловорови листови
15 лажици шеќер
еден лимон
1 чаша вода

ПОСТАПКА:

Сипете малку вода во тенџерето колку да се прекрие дното, многу тенок слој. Потоа додајте го шеќерот. Може да користите кафеав, бел, жолт, брезов и шеќер каков вие сакате.

Ставете го тенџерето на шпорет и загревајте на ниско умерена температура. Кога шеќерот ќе се растопи и добиете хомогена златно-кафеава течност додајте една чаша топла вода.

Додајте ги ловоровите листови и повторно измешајте. Оставете да врие уште три минути и покријте со капак.

Извадете го тенџерето од шпоретот и оставете го да се излади, а потоа процедете го сирупот.

Додека сирупот се лади, подгответе го лимонот. Добро измијте го и истретирајте го со сода бикарбона. Првата половина од лимонот исечете ја на прстени и отстранете ги семките, а од втората половина исцедете го сокот.

Во сирупот додајте го исцедениот сок од лимон, а одозгора ставете ги тркалцата.

Лимонот е одличен антиоксиданс, богат со витамин Ц, го зајакнува имунолошкиот систем и ја зголемува одбраната на телото.

Ако веќе сте настинати, најдобро е да почнете да го пиете овој сируп што е можно поскоро. Пијте го овој сируп за кашлица две недели и земајте три лажици дневно.

Затворете ја теглата со капак и чувајте ја во фрижидер. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.