Највкусниот рецепт со леќа што сум го пробала досега! Совршено јадење за целото семејство… Без јајца и млечни производи! Овој лесен вегански рецепт е толку вкусен и одличен за секого!

Толку малку луѓе знаат за овој високопротеински рецепт и како да ја готват леќата. Вкусен, лесен и брз рецепт! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За топчиња:
190 г | 1 шолја зелена леќа, потопена во вода 3 часа и процедена
1 главица кромид
1 морков
1 чешне лук
170 г | 1 чаша варен ориз
1 лажичка мелен коријандер
1 лажичка италијански билки/зачинска мешавина/вегета
сол

Состојки за сос:
1 лажица доматно пире
1 лажиче шеќер
1 лажичка брашно
сол и црн пипер по вкус
250 мл | 1 шолја вода

Совети за готвење:
Слободно додадете ги вашите омилени билки и зачини во рецептот за да го добиете омилениот вкус.

Метод:
Потопете 190 г | 1 чаша зелена леќа во вода 3 часа. Откако ќе набубри процедете ја од водата, а потоа со рачен блендер испасирајте ја во пире.

Исечкајте поситно 1 главица кромид и испржете го во тава на малку масло додека да застакли и омекне. Додајте еден рендан морков и продолжете со динстање 5 минути на нискоумерена температура.

Потоа додајте ситно сечкано/рендано лукче. Претходно сварен ориз додајте го и помешајте го со пирето од леќа, а потоа и динстаниот зеленчук. Зачинете со 1 лажичка мелен коријандер, 1 лажица италијански билки, сол по вкус.

Мешајте додека да се соедини па смесата оставете ја во фрижидер 10 минути. Обликувајте мали топчиња.

Загрејте малку маслиново масло во нелеплива тава. Пржете ги ќофтињата од леќа околу 5 минути од секоја страна или додека да станат златни и крцкави.

ЗА СОС: Во еден сад соединете 1 полна лажица доматно пире, 1 лажичка шеќер (по избор), 1 лажичка брашно, малку сол и црн пипер по вкус, 250 мл | 1 шолја вода.

Сипете го сосот во ќофтињата и заедно гответе ги под капак околу 20 минути. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.