На ова јадење никој не може да му одолее. Печурките можете да ги послужите како закуска, како гарнир на главното јадење, а доколку постите, печурките можат да го заменат и главното јадење. Освен што се полни со здрави протеини, тие се и многу вкусни.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 г печурки
малку масло
30 г путер
сол по вкус
1 рака ситно исечкан свеж магдонос
неколку ситно сечкани чешниња лук, по вкус
ПОСТАПКА:
Растопете го путерот заедно со малку масло на умерена температура.
Потоа сипете ги печурките и пржете ги од сите страни додека убаво да заруменат.
Прочитајте: „4 начини како на најбрз и највкусен начин да приготвите печурки шампињони“ – ОВДЕ.
Зачинете по вкус и динстајте уште малку додека да испари течноста.
Додајте го ситно сечканото лукче, поднамалете ја температурата и динстајте неколку минути додека да омекне.
На крај додајте го ситно сечканиот магдонос и промешајте. Вашето јадење е спремно за послужување. Добар апетит! Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.