Едноставна а толку вкусна торта со јаболка. Запишете си го рецептот, нема да се покаете. Брзо и едноставно се подготвува. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Бисквит:
150 г путер
100 г шеќер
3 жолчки
150 г мелени бадеми
100 г брашно

ФИЛ:
1 кг јаболка
1 лимон

Крем:
5 жолчки
200 г шеќер
6 лажици скроб/нишесте/густин
700 мл млеко
2 лажички ванилин шеќер

Шам за одозгора:
8 белки
250 г шеќер во прав

калап 26 см

Подготовка на бисквит: пенасто изматете го путерот омекнат на собна температура заедно со шеќерот во прав, а потоа една по една додајте ги жолчките.

Кога смесата ќе се изедначи додајте го брашното, а на крај и мелените бадеми. Убаво соединете, па смесата распоредете ја на обложен калап 26 см и печете 20 минути во загреана рерна на 180 степени.

ЗА ФИЛ: Ренданите јаболка издинстајте ги со сок од еден лимон околу 10 до 15 минути на умерена температура, додека да испари вишокот течност. Оставете настрана да се олади.

ЗА КРЕМ: Изматете ги жолчките со шеќерот и ванилата, а потоа додајте го густинот и малку разредете ја смесата со млеко. Остатокот од млекото ставете го на оган да зоврие, па намалете ја температурата и сипете ги разматените жолчки со непрекинато мешање.

Варете додека да ја постигне посакуваната густина, па претурете во друг сад и оставете да се олади. За да не фати коричка одозгора повремено промешувајте или покријте со кеса/пластична фолија.

ЗА ШАМ: Белките пенасто изматете ги со прстофат сол, па започнете постепено да го додавате шеќерот додека непрекинато матите 5-6 минути или колку што е потребно да добиете „крути“ врвови, односно да не паша кога ќе го превртите садот.

ФИЛУВАЊЕ: Врз млакото печено тесто ставете ги млаките динстани јаболка, млакиот крем и снегот од белки, па вратете во топлата рерна и печете околу 15 минути на 180 степени. Оставете го колачот да се олади пред да го отстраните обрачот. Рецепт на Жељко-З / Сoolinarika.сom