Потребни состојки (2:1:1):

1 литар вода (или 2 чаши вода)

500 мл јаболкова киселина (или 1 чаша)

500 мл средство за плакнење на устата (или 1 чаша)

Постапка:

Измешајте ги состојките и ставете ги стапалата во растворот. Оставете да киснат од 15 минути до половина час. Потоа истријте ги добро и исплакнете.

Со само една употреба се забележува голема промена. По потреба повторете ја постапката.

Оваа течност ги уништува сите бактерии и габи кои ги има под ноктите.

Доколку имате “жуљ”/ калус/ тврдо месо:

Пресечете половина кромид, па едната половина оставете ја да отстои 30 минути во винска киселина.

Потоа фиксирајте ја врз проблематичното место и обујте цврст чорап со кој ќе преспиете. Следниот ден ставајте облога од лист на чувар куќа од кој претходно сте ја излупиле кожичката. Менувајте ја облогата повеќе пати.

Кожата ќе омекне па полесно ќе го отстранете жуљот. Повторувајте ја постапката додека целосно да отпадне коренот на жуљот.