ТААН АЛВА – рецепт од 3 состојки, да знаев колку е лесно, одамна ќе ја правев

Нешто многу брзо, а добивате оригинален вкус!

Потребни состојки:

1/3 ладно цедено сусамово масло
1/3 мед
1/3 мелени ореви

Постапка:

Во дрвен сад, со дрвена лажица лесно соединете го сусамовото масло и медот.

Кога ќе се добие убава паста, додадете мелени ореви и повторно внимателно соединете.

Таан алва (арапски ḥalwā, ‏حَلاو‎) изворно претставува вид на благо кое потекнува од Арапските земји, но се смета дека е турски производ.

Како десерт најмногу се приготвува во Босна и воопшто на Балканот, Северна Африка, и Централна Азија.

На Балканот најчесто ја сретнуваме онаа од сусам, која ја има и во Европа и Америка, а од жито се сретнува во Иран, Пакистан и Индија, како и алва со јајца и шеќер карактеристична за Грција и Турција.

Оригинално се прави од таан (мелено семе од сусам), мед (може и обичен шеќер, гликозен или фруктозен сируп) и растително масло.

По желба може да се додаде ванила, какао, ‘фстаци, ореви, лешници, суво грозје итн., а можете да си направте и црно турско кафе, одлично одговара.

Семето од сусам содржи незаситени масни киселини, белковини, Витамин Е, Б во форма на никотинска киселина, минерали како калциум, калиум, магнезиум, фосфор и железо.

Исто така содржи и лецитин кој одлично делува врз нервните клетки и нервите во мозокот, овозможува полесно излачување на токсини преку кожата, ја подобрува циркулација и поволно делува на работата на ендокрините жлезди. Ја подобрува циркулација и делува како афродизијак.

Таан алвата се препорачува против желудочни тегоби и проблеми со штитната жлезда, но и за луѓе кои страдаат од хроничен замор и имаат проблеми со меморијата.

Поради присутните незаситени масни киселини се препорачува за атеросклероза, бидејќи помага во разградување на наслагите од холестерол во артериите.